Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Абдула бин Мухамед Ал аш-Шеик кој престојува во посета на Република Македонија.
Во фокус на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави, при што беше истакната заедничката заложба за натамошно зајакнување на економската соработка. Османи упати честитки за изборот на Саудиска Арабија за домаќин на ЕКСПО 2030, што ќе претставува одлична можност за интензивирање на трговската размена и бизнис врските.
Во однос на договорната состојба меѓу двете земји, беше изразено заемно убедување дека, потребно е проширување на постојната договорна рамка, со што ќе се постават основите за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји.
На средбата соговорниците разменија мислења и за соработката на мултилатерален план, за надворешно-политичките приоритети на двете земји, за регионални теми, како и за актуелните меѓународни прашања и предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.