Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари проштална средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје, Анке Холштајн.

 

Министерот Османи изрази особено задоволство од досегашниот ангажман на амбасадорката Холштајн во Република Македонија и нејзиниот придонес во развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Двајцата соговорници се согласија дека изминатите 30 години Македонија и Германија остваруваат високо ниво на партнерски односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и почит.

На средбата, министерот Османи ја истакна важноста на Берлинскиот процес во поддршката на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан со цел поскоро приклучување кон европското семејство, истакнувајќи го притоа значењето на потпишаните договори за време на Самитот на лидери на земјите од Западен Балкан, за кои на Македонија и е доверена депозитарната функција. 

 

Амбасадорката Холштајн потврди дека Германија ќе продолжи силно и одлучно ја поддржува европската иднина на Македонија, изразувајќи задоволство од големите надворешно-политички чекори кој ги постигна Македонија за отпочнување на пристапните преговори. 

 

Голем дел од разговорот беше посветен на актуелното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година. Безбедносните прашања, руската инвазија врз Украина и последиците со кои европските земји се соочуваат, исто така беа предмет на дискусија меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста на НАТО за зачувување на евро-атлантската безбедност. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.