Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи објави фотографии од авионот со којшто заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба патува кон полско-украинската граница.

„Заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба на пат кон полско-украинската граница; како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ ќе ни се придружи и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.
Не само што имаме цврста поддршка за украинскиот народ, воедно демонстрираме и потврда за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ.
За време на престојот ќе одржиме официјална средба со министерот Кулеба и ќе го посетиме прифатниот центар за бегалци во близина на границата“, пишува Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.