Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи утре, сабота, 18 ноември, со почеток во 11ч ќе промовира пригодна поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.

 

Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.

 

На промоцијата ќе присуствува и Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

 

Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта на Македонија, Бујаре Абази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.