Финска е нова членка на НАТО. Историски момент и важен чекор напред за понатамошно зајакнување на трансатлантската стабилност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук по повод приемот на Финска во членство во Алијансата.

– Македонија, како членка на НАТО е силен поддржувач на политиката на Отворени врати на Алијансата. Очекуваме што поскоро Шведска да стане дел од трансатлантското семејство како значаен влог во понатамошното зајакнување на Алијансата и зачувувањето на безбедноста на сите сојузници, наведе Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.