Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот.
Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.
Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески.
Претходно, на денешната 82 седница, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.