Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Процесите за Дигитализација, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација.

Се задолжуваат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа да бидат вклучени во имплементацијата на Процесите за Дигитализација. За воспоставување на националните насоки за дигитализација (road map), се задолжуваат органите на државната управа, а на единиците на локалната самоуправа им се препорачува, во рок од 30 дена, да достават информација до МИОА, со опис на ИТ инфраструктура и софтверски апликации коишто ги употребуваат.

Дигитализацијата е една од главните цели во програмата за работа на Владата на Република Македонија, а новата дигитална агенда на Министерството за информатичко општество и администрација, како што е соопштено од ова ресорно Министерство, е една од главните точки на новата национална развојна стратегија. Овој процес, според Информацијата од МИОА, значи промоција, подобрување и унапредување на  јавната администрација, на образовниот систем, здравствениот сектор, правосудниот систем и другите области на управување. Целта е обезбедување брзи услуги кон граѓаните и придонес кон намалување на корупцијата во државата, преку намалување на влијанието на човечкиот фактор за процесите каде што тие може да се автоматизираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.