Нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка, кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините, најави вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во петок, како што рече Меџити, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за средствата.
Според министерот, се работи за средства кои се добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се неменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура – какнализации, водоводи,…
-Со премиерот во петок ќе ги поканиме сите 80 градоначалници за нови 50 милиони евра од МЖСПП, кредит од Европката инвестисициска бана кој е порано добиен, но отккао дојдовме имаше нула реализација. Сега веќе седум милиони се процесуирани кај одредени општини, но за да го забрзаме процесот, ќе ги повикаме градоначалниците со премиерот, ќе ги информираме колку средства им припаѓаат, кои се условите, да достават проекти и им стоиме на располагање. Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени. Реално, на 100-те милиони ги додаваме и овие за животна средина. Зависно колку ќе бидат агилни градоначалниците со доставување прокети, до мај можеме и целосно да го заокружиме процесот, истакна Меџити во гостувањето на ТВ Сител.
Тој уште еднаш повтори дека Владата има утврдено методологија за поддршка на општините и не ги дели градоначлниците по политичка основа.
-Работиме за граѓаните, а тие сами ќе направат разлика кој како работи. Со сите 76 општини нема никаков проблем, а мешу нив има и опозициски, од ДУИ, СДСМ и други партии, само четири градоначници имаат проблем. Донесовме нова одлука да го пролонгираме огласот заради нив, за да ги добијат средствата. Струмица, на пример, аплицирала со проект кој е во тек. Сепак, мислам дека со добра комуникација и тоа ќе се реши, зашто и за Струмица се издвоени пари од 50-те милиони евра, рече Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.