Имајќи во предвид дека сме соочени со незапамтена енергетска и економска криза, донесовме уште една одлука во корист на граѓаните.
Согласно Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, Општина Македонска Каменица има можност за набавка на уреди, кои во сите изминати години до сега биле во вид на мобилни телефони распределувани на вработените од општинската администрација.
Оваа година ќе набавиме три телевизори за Детската градинка “Бамби” и таблети за ученици од социјално ранливи семејства,вели градоначалникот  Димчо  Атанасовски.

Во наредните две недели ќе биде објавен Повик за распределба на еднократна парична помош за првачиња во износ од 3.000 денари и за средношколци запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар” во износ од 20.000 денари.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.