Оливера Трајковска е новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Трајковска е од Куманово и на оваа позиција доаѓа како кадар на ЗНАМ, откако предлогот за нејзино именување минал на владина седница.

Таа е дипломираниот теолог и постдипломец по психологија, а во нејзината биографија пишува дека дипломирала на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Пред да дојде на функцијата била надворешен соработник, координатор на духовна академија „Св.Кирил и Методиј, сесловенските просветители“; Фондација за култура и спорт, Општина Куманово, како и надворешен соработник, на фондација „Елеуса“, Струмица (Струмичка епархија), надворешен соработник на Здружението „Бадникови поворки“.

Во својата професионална кариера соработувала и голем број невладини организации.

Трајковска доаѓа на местото на Дарјан Сотировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.