Од Државното правобранителство информираат дека државниот правобранител, Фехми Стафа, до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.

Јас, државен правобранителМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница – стои во оставката од Стафа.

Од Владата потврдија дека на владината седница е разрешен државниот правобранител. Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.