Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се сомнева дека преку фабриката за вода „Маја“ се переле пари во земјава, пишува ИРЛ.

Министерството за внатрешни работи во ноември 2016 година, само еден месец откако фабриката свечено беше отворена, испратило известување до обвинителството. Полицијата, информации за сомнителни транскации добила од Управата за финансиско разузнавање со индиции дека се перат пари а инволвирани се лица од сопственчката структура на МЛ – Гари и самото правно лице. Предистрагата за овој случај трае речиси седум години а долгиот период на собирање докази за „перење пари“, обвинителството го правда со фактот што истражувале лица и фирми од од – шор дестинации.

 

„Во овој предмет се работи за странски физички и правни лица – хрватски државјани и македонски државјанин со македонско и хрватско државјанство, како и правни лица регистрирани на Девствените острови и Кипар во чија сопственичка структура се јавува физичко лице од Украина, за кои преку меѓународна полициска соработка и соработка со единиците за финансиско разузнавање на инволвираните држави се побарани податоци и за истото е потребно време за добивање на повратни информации. Побараните податоци во овој случај се неопходни во насока на обезбедување на доволно докази кои што би го поткренале нивото на сомневање и би се овозможило отворање на истражна постапка“, одговорија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на прашањето на ИРЛ, дали се истражува евентуално перење пари преку фабриката „Маја“ изградена близу селото Гари. 

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.