Адвокатот Јанаки Митровски бара правно гонење на државниот обвинител Љубомир Јовески, поради пропустите во истрагата околу пожарот во тетовската модуларна болница.
Три вештачења кои утврдуваат одговорност кај изведувачот обвинителство ги игнорира, нарачува четврто пази на Електро каде Кочо е професор и види чудо вештачењето не вели нема вина туку дека е градено согласно спецификација, а спецификацијата ја прави мадам Вања која потоа се запослува кај Кочо!!!
Нити обвинителство смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради очигледен конфликт на интереси. Апс за Љубомир Јовевски!!!, порача Митровски.
На забелешката дека Анѓушев не е професор на Електро, туку на Машински факултет, тој потсетува „Она као до вчера беше еден факултет во иста зграда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.