Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, денеска полни 64 години и исполнува условите за старосна пензија. Но очигледно и покрај исполнувањето на условите за пензија тој не ја напушта функцијата. Иако според член 87 Закон за јавно обвинителство еден од условите за престанок на функцијата е исполнување на старосна пензија, Коцевски останува во обвинителската фотелја. Тој се повикува на член 86, каде стои дека на Јавниот обвинител на Република Македонија функцијата му престанува:
– по сопствено барање,
– ако го изгуби државјанството на Република Македонија,
– ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител,
– ако е избран или именуван на друга јавна функција или
– ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест
месеци.
Република го праша Коцевски дали денеска заминува во пензија и дали Советот на обвинители ќе го извести Собранието дека денеска тој полни 64 години со што ги исполнува условите за старосна пензија.
Оттаму ни одговорија:
Основите за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија се наведени во Член 86 од Законот за јавното обвинителство. Согласно законските одредби, функцијата Јавен обвинител на Република Македонија не престанува по основ на пензионирање, односно со исполнување на старосната граница за пензионирање и трае до завршување на мандатот. Оваа функција и претходниот државен јавен обвинител ја извршуваше по исполнувањето на таа старосна граница.
Но дали може и треба републички јавен обвинител да остане на позиција и по исполнување на условите за пензија? Законот го толкува секој на свој начин. Истата дилема беше поставена и со Љубомир Јовески, поранешниот републички јавен обвинител. Тогаш потпретседателот на Советот испрати и допис до Собранието дека Јовевски наскоро ќе исполни услови за пензија. Но, како што се коментира во обвинителските кругови под притисок дописот бил повлечен.
Тогаш Јовески изјави:
Јовевски посочува дека Законот за јавно обвинителство прецизно утврдува, дека со исполнет услов за старосна граница, во пензија одат јавните обвинители, но не и Државниот. Во Законот во членот 87 стои дека на јавниот обвинител му престанува функцијата, доколу ги исполни условите за старосна пензија со право на продолжување согласно со Законот за работни односи. Клучната разлика, според Јовевски е во членот 86, кој стритно се однесува на неговата позиција.
Правниците велат дека со самото тоа што републичкиот обивинител наполнил 64 години, согласно член 87 од Законот за јавно обвинителство му претстанува функцијата обвинител.
-Ако со навршени 64 години ти престанува функцијата јавен обвинител, не можеш да си републички јавен обвинител. Услов да си републички јавен обвинител е прво да си јавен обвинител. Со 64 години ти не си веќе обвинител, значи не ги исполнуваш условите да бидеш републички обвинител – коментираат правниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.