Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето, како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за претседател на Република Македонија.

Како што најавува Комисијата, нејзиниот претседател, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.