ОБСЕ е подготвена да го поддржи спроведувањето на договорите постигнати во рамките на Дијалогот предводен од ЕУ со посредство на ЕУ, порача Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по официјалната средба со претседателката, Вјоса Османи-Садриу во Приштина.
Османи изрази благодарност за силното партнерство и добрите односи со косовските институции кои траат повеќе од 20 години. Тој истакна дека е важно да се намалат тензиите на теренот во северно Косово за да се даде простор на политичкиот процес на дијалогот посредуван од ЕУ, кој ОБСЕ силно го поддржува.
„Дијалогот предводен од ЕУ, има потенцијал да придонесе за регионалната стабилност. Охрабрен сум од неодамнешниот напредок, вклучително и одобрувањето на Декларацијата за исчезнати лица“, потенцираше Османи.
Тој рече дека косовските институции и заедници постигнале извонреден напредок во промовирањето на функционални демократски институции, човековите права и владеењето на правото. Нагласи и дека дополнително ги охрабрил косовските власти да се осврнат на ОБСЕ како важен ресурс во дизајнирањето и спроведувањето на реформи.
„За нас е клучно решително да свртиме нова страница и заедно да погледнеме кон иднината. Напорите кои целат кон регионална соработка покажаа колку е важно да се остане близок и да се работи заедно. Дијалог и соработката треба да бидат императив за сите“, порача Османи.
Османи за време на посетата посебно внимание посвети на младите и нивниот развој, за кои рече дека мора да бидат мостот кон посветла иднина, посочувајќи дека корупцијата и климатските промени се особено сериозна закана за следните генерации. Оттука, рече Османи, ние мора да ги вклучиме младите доколку сакаме да се соочиме со овие предизвици на одржлив начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.