Почна најголемиот Новогодишен базар за поддршка на 52 модерни ракотворци и ќе трае до 31 декември.
Во духот на претстојните празници, посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи, изработени од креативци од цела Македонија.
Деликатно направен избор на уметници, кои храбро конципираа и компонираа иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, накит, преку новогодишни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, до колачиња во духот на новогодишните и божиќни празници, новогодишни украси и лижавчиња, рачни везови и облеки за миленици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.