Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, се обрати на обука наменета за државните и јавните службеници во државава, која се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“.
Обуката е во организација на Министерствоти за информатичко општетсво и администрација, заедно со ДЦАФ – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор.
Министерот Бајрами, ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Република Македонија.
Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата, рече Бајрами.
Тој истакна дека меѓу стратешките цели се: изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот.
Како што информира МИОА, меѓу темите за обука биле: пејзаж за сајбер безбедност на Балканот, преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.