Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска пристигнал во земјава.
-Денес mu посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ во Македонија Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.
Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.
Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.
Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Роден е во септември 1964 година во Атина. Амбасадорот Рокас има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Негов мајчин јазик е грчкиот, а зборува и англиски, француски и германски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.