Новата американска амбасадорка во земјава, Ангела Агелер положи заклетва на свечена церемонија во Стејт департментот. Таа се очекува наскоро да пристигне во Скопје, откако заврши амбасадорскиот ангажман на нејзината претходничка Кејт Мери Брнс во Македонија. Агелер неодамна на сослушувањето пред американските сенатори најави дека борбата со корупцијата во земјава ќе биде еден од нејзините главни приоритети. Таа кажа дека ќе ги охрабри судските реформи и ќе ги повика институциите на транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Новата американска амбасадорка исто така кажа и дека ќе го унапреди веќе воспоставениот Стратешки дијалог меѓу Вашингтон и Скопје. Ангела Агелер е дипломат од кариера и неодамна беше заменик шеф на мисијата на САД во Пакистан. Претходно има служено и во Амбасадата на САД во Париз, но и во Скопје, Њу Делхи, Ханои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.