Ниту МВР, ниту Обвинителството не кажуваат каде во моментов се наоѓа младиот бизнисмен од фамилијата Ахмети, Дрин, кој вчера беше приведен откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ полицијата пронајде 749 пиротехнички средства.
Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, па ќе кажат каков прекршок сторил Ахмети.
СВР Скопје во координација со јавен обвинител поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје за нивно натамошно постапување, велат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката, кратко соопштуваат од ОЈО.
Правниците кои ги контактираше „Алфа“ се со сомнеж дека до крај ќе се расчисти случајот. Велат ќе се заврши со парична казна според Законот за прекршоци. Адвокати за Алфа се децидни дека ќе се направи се за да се казни со најблагиот прекршок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.