Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

Директорот Бобан Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.
По брифингот беше остварена посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата.

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.