Оваа власт откако е на власт го крши Деловникот и Уставот. Врвот е да се протнат предлозите за уставни судии. Предлозите одат прво на Комисија за избори и именувања и истите не можат да одат на пленарна. Расправата не е завршена за никој од предлозите, сите се под една точка и додека не се заврши расправата за сите кои се под една точка не може да оди на пленарна седница, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според него доколку продолжат да го кршат Деловникот, законот и Уставот тоа им е карта за во еден правец.

Ако продолжат вака ова е основа за кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластувања, вели Николоски и додава:

Пратеничкиот имунитет не штити за кршење на правните норми, ова важи и за претседателот на Собранието и претседателката на Комисијата, за ова треба да се загрижени за ова се оди во затвор. Тие ја злоупотребуваат службената должност и кривично ќе одговараат“, заклучи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.