Од 81,36% од обработените избирачи кои излегоа на парламентарните избори во ИЕ 4, вкупно гласале 139.086 лица. Според проекциите на обработените податоци, ДИК пресмета дека во новиот собраниски состав ќе влзезат следниве 20 пратеници од четворката.

Носителот на пратеничката листа на Коалицијата “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски, на својата партија ѝ обезбеди 13 мандати или 8 мандати повеќе од носителот на Коалицијата за европска иднина – СДСМ, поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Во новиот парламентарен состав СДСМ ќе го претставуваат Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

Покрај Николоски, политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе ги застапуваат и пратениците: Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузманоска. 

Левица и ЗНАМ во Собранието ќе ги претставуваат по еден пратеник, односно носителите Сашко Јанчев и Миле Цеков.
 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.