Денеска се одбележува во Велес четврт век постоење на најсилната организација на жени во Македонија во која што политички се организираат членките на ВМРО-ДПМНЕ. Организација која што континуирано создава кадри кои што имплементираат политики пред се во заштита на македонските национални интереси, подобрување на економскиот стандард и заштита на семејството како основа клетка на државата и столб на државата. И во таа насока би сакал да им честитам и да посакам уште многу јубилеи да славиме и уште многу години да славиме, истакна Александар Николоски, потпретседател на партијата.
Во продолжение следува интегрален текст од неговата изјава:
Не затоа што претседателката е до мене, но под нејзино водство Унијата на жени веќе влезе и во една следна фаза на организирање каде што се преземаат сите модерни текови на европските политички партии. Унијата на жени е член на Европската народна партија, одделот за жени или EPP Women.
Така што сето она што го работат во изминатиот период создава патека за годините кои што доаѓаат, во кои што ќе продолжи да биде најзначајна и највлијателна организација на жени во Македонија.
Уште еднаш честитки и на многу јубилеи да се гледаме.
Исто така ми е драго што сме во Велес, тука е и претседателот на општинскиот комитет и пратеник од Велес. Во Велес ВМРО-ДПМНЕ има добри резултати, има силна организациона структура, силна партиска структура. И се надевам дека на следните избори, предвремени парламентарни избори ќе имаме една огромна победа, после која што ќе можеме да реализираме бројни проекти во корист и на градот и на целиот овој регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.