Независниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита бара зголемување на платите за 30 отсто.
Раководството на овој Синдикат денеска одржаа средба со претставници на Фондот за здравствено осигурување, на која се разговараше за коефициентот на плати, така што меѓу овие категории на хигиенски персонал, технички персонал, возачи на брза помош, медицински сестри и лекари да нема незадоволство во усогласувањето на платите. Согласно методологијата предложена од Синдикатот за секоја категорија ќе има зголемување врз основа на коефициентот од 2.111 единици и разликата ќе биде прифатлива.
Согласно новиот Општ колективен договор со септемвриската плата, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат 10% зголемување на платата, регрес за годишниот одмор познат како К-15 ќе добијат 10.000 денари. Во секторот јавно здравство, почнувајќи од хигиенскиот кадар, ќе има зголемување од 2.017 денари, а докторите специјалисти ќе добијат зголемување од 7.700 денари, додека специјалистите во државните клиники ќе добијат дополнителни 9.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.