Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги најави протести и штрајк доколку не ги добијат ветените 30 посто повисоки плати.

Предупредуваат да не се случи граѓаните да трпат поради неажурноста на институции, побараа надлежните да го одврзат ќесето за околу 500 вработени да им се покачат платите за 30 посто.

Од КСОМ велат решението е во тоа да Управата да с еврати во рамкии на МВР.

Од Независниот синдикат на судска администрација кои повеќе од 7 месеци се на протести барајќи 78 посто повисоки плати и враќање на додатокот од 30 постро велат дека протестите продолжуваат и најавија блокади на клучни крстосници во градот Скопје.

Истите барања ги има и јавнообвинителската служба кои денеска го активираа штрајкот откако не се спогодија со Владата додека траеше процесот на помирување. На протести се и пензионерите кои не отспауваат од барањата за 5.000 денари повисока пензија и минмимална пензија од 18.000 денари.

Поради неуспешните преговори со МЗ, Независниот синдикат на здравствени работници најавуваат протести во текот на следните 3 недели, бараат 30 посто повисока плата, ревидирање на колективниот договор, покачување на инфективниот додаток и трансформација на работните места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.