Ненад Јовановиќ негира дека земал материјални средства во висина од 12 илјади денари од Општина Тетово. Тој во демантот испратен до „Република“ тврди дека никогаш не бил во работен ангажман со Општина Тетово.

На ден 08. 02. 2022 година, на вашиот сајт „Република.МК“ сте објавиле вест со наслов: „И Ненад Јовановиќ земал пари од Општина Тетово“, што значи дека преку насловот вие имплицитно тврдите дека јас сум земал материјални сретства од 12. илјади денари. И не само што тврдите дека сум земал материјални сретства, вие тврдите дека сум земал во низа (од неколку месеци) материјални сретства од 12. илјади денари.

Категорично ги негирам овие тврдења: никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово, вели Јовановиќ во демантот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.