Законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието денеска попладне. Предлогот значеше укинување на апанажите за пратениците и за избраните владини функционери откако ќе им престане функцијата
16 пратеници гласаа „за“, а против беа 13 пратеници, воздржани немаше. Со тоа предлогот на пратениците од Левица не е усвоен.
Што правиме со тие функционери што не се милионери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако тој беше еден од пратениците кои гласаа против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.