Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно остана на ставот дека членови на неговата партија нема да учествуваат во работната група за уставните измени.

Притисоци има, ова не е бајка. Јас не можам да ви кажам дека немам притисоци. Има моменти кога треба да се спротивставите на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам. Досега не сум слушнал аргумент кој што ги победува аргументите кои јас ги презентирам. Не дека јас сум надмен човек, но моите аргументи се елементарна логика и тие се јавно познати. Се лажат дека со притисок можат да постигнат нешто кај мене, рече Мицкоски на панел дискусија на УМС.

 

 

Мицкоски е дециден дека „нема да се случи промена на Уставот во овој парламентарен состав“.

Јас тука ја затворам темата. Отсега понатаму одговорот на моето прашање ќе биде непроменет, кажа лидерот на опозицијата како одговор на новинарско прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.