Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за враќањето на оградата од пред зградата на Владата.
Тој рече дека таа не била чувана соодветно, и дека затоа не е вратена целосно.
„На делот на оградата јас гледам на друг начин, тоа го гледам како државен имот. Незвисно која влада и која гарнитура ја направила, таа ограда е сопственост на државата. Тоа беше чувана во касарната како ограда за старо железо. Несоодветно била чувана, и ние имаме проблем целосно да ја поставиме, односно нема порти на оградата, затоа што не можеме да ја склопиме. Не е продадена, но не е во функција целосно“, изјави Томовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.