По најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека законска можност за такво нешто нема.
Како што посочи тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот.
„Што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа.Во суштина во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема, истакнува Перински.
И Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сериона загриженост за идејата за формирање на Албанска академија за науки и уметности и нагласи дека е категорично против етнички поделби во науката.
Идејата за Албанската академија на науките и уметностите е резултат на еволуцијата на нашето општество. Поради оваа причина, не треба да се гледа како закана, посочи вчера вицепремиерот Изет Меџити.
Македонија ја има единствената шанса да се организира како функционално мултикултурно општество и да ги претвори прашањата кои до вчера нè делеа во квалитети кои ќе нè обединат во нашата европска иднина, напиша вицепремиерот Изет Меџити во објава на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.