Не е од витално значње што нема пеницилин во државата, ама разрешувањето на проф. д-р Сашко Јовев беше е од витално значење, реагира на фејсбук д-р Маја Кирјас.
Реакција на д-р Кирјас доаѓа по одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити да го разреши од раководната функција на Универзитетската клиника за кардиологија проф. д-р Сашко Јовев, кој беше дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на срце во Македонија.
Најбитно беше да се разреши човекот кој максимално се вложи себеси во државата кардиохирургја. Сега е добредојден за извонредна сума во приватна болница! А при тоа нема пеницилин во државата. Тоа не е проблем од витално значење, да, д-р Јовев беше витален проблем!, пишува д-р Кирјас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.