Прашан за коментар на исходот од изборите и какви промени очекува во американската надворешна политика и особено за регионов поранешниот преговарач Васко Наумовски потенцира дека истражувањата на јавно мислење повторно потфрлија, за разлика од анкетите коишто покажуваа изедначени рејтинзи на Доналд Трамп и Камала Харис и дека Трамп ги доби гласовите во т.н. колебливи држави.

-Претседателот Трамп успеа да го подобри својот резултат и да освои многу поголем број на гласови во сојузните држави коишто ја носат победата. Главниот фокус на новата американска администрација се очекува да биде во економијата што беше една од причините за овој пресврт во американската политика и истовремено да се направат определени промени во надворешната политика со што ќе се врати она лидерство на САД на глобалната сцена. Пред се, тоа се однесува на улогата која што може да ја преземе САД во завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина, и со тоа да се придонесе за стабилизација на Европскиот континент, и во економска и во политичка и во безбедносна смисла, што неминовно ќе има последици и врз регионот на Балканот, вели за МИА амбасадорот Наумовски, кој е професор на Правниот факултет во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.