Денеска во Скопје, го заокруживме нашето едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на кое се постигнаа два значителни успеси за регионалната иницијатива:  номинирање на Амер Капетановиќ за нов Генерален Секретар на Советот за регионална соработка, како и со консензусот за Декларацијата од Скопскиот Самит, со што Република Македонија стави потпис на уште еден успех на меѓународен план.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на завршната прес конференција истакна дека со овој чин е зачувана стабилноста, континуитет и функционалноста на Советот за регионална соработка, со тоа и на целиот Процес. „Уште еден успех за Република Македонија после претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја, уште еднаш, ја потврди својата позиција на меѓународната сцена“, рече Османи, при што додаде дека идејата беше амбициозна, но целта првенствено беше наменета да се обезбеди платформа за плодна интелектуална и политичка дебата и дијалог, како и да произведе идеи и да поттикне нови перспективи за регионот на Југоисточна Европа.

Османи заклучи дека како претседавачи со Процесот особено е горд на ова постигнувањеПокажавме дека сме способни да го сочуваме кредибилитетот на регионалната сопственост и лидерството кои ги градевме и надградувавме низ годините наназад преку оваа значајна регионална иницијатива”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.