Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги додели признанијата и наградите на учениците добитници за најдобар есеј избрани на конкурсот на тема „Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе”, на кој се пријавија над 1.500 ученици.
Право на учество на конкурсот имаа учениците од шесто до деветто одделение од основните училишта на територијата на Македонија на шест мајчини јазици на кои ученикот ја следи наставата во училиштето, а за најдобрите есеи прво место беа доделени таблети како награда и Bluetooth слушалки за освоените второ и трето место.
Како министерство ја поттикнуваме и креативноста и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите. Создаваме образование и вредности за сите. По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, за првпат отворивме јавен повик за најдобар есеј на којшто се пријавија повеќе од 1.500 ученици од основното образование со оригинални есеи напишани на македонски, албански, турски, босански, српски и англиски јазик, изјави министерот Шакири.
Учениците и родителите изразија благодарност за иницијативата да се организира конкурс од ваков тип, со што се поттикнува креативноста и натпреварувачкиот дух кај децата, но пред се, се негува мајчиниот јазик. Благодарници беа врачени и на наставниците членови во комисијата за избор на најдобри есеи.
“Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе” конкурс за избор на најдобри есеи се организира по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик/Денот на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност 21 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.