Со обработени 3.227 од 3.508 избирачки места низ Македонија (91,99%), кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и веќе извесно новата претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова освои 506.955 гласа или 64,93% од гласовите.
Нејзниот противкандидат Стево Пендаровски 228.987 гласови, што е пак подобар резултат кој неговата партија СДСМ ја освои на парламентарните избори.
Мандатот на актуелниот претседател на државата Стрево Пендаровски истекува в недела на 12 мај, така што тогаш треба да биде инаугурацијата на новата претседателка Силјановска Давкова. Собраниската седница треба да ја закаже актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.