Историски ден за Македонците во Република Албанија.
Барањето поднесено од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за повторно активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана е прифатено и во новата академска година 2023- 2024 ќе почне лекторатот по македонски јазик.
Голема благодарност до Унверзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за јазик, литература и култура македонски и селокупната подршката од директорката, проф. Весна Мосова – Чепишевска. Во исто време, голема благодарност до Универзитетот во Тирана и деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида, порачуваат од здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.