На Вилма Трајковска, сопруга на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, седум месеци не и била исплаќана доживотната пензија која и следува, откри Ивица Томовски, директор на службата за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21 во понеделникот.
Тој кажа дека Вилма има доживотна пензија од 2000 евра, но истата не и била исплаќана.
„Затекнавме ситуација каде што на Вилма Трајковска, сопругата на претседателот Борис Трајковски не и бил исплаќан надомест во висина од 2000 евра кој и следува доживотно“, рече Томовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.