На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија.

Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии.

Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.

Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, пишува Дескоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.