На 1 ноември 2023 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 19-та седница на Советот за безбедност, соопштија од кабинетот на Претседателот Пендаровски.

На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.