Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.
Oд Авто мото сојузот на Македонија утринава информираа дека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција се чека по половина час.
Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.