Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на 4 и 5 септември 2024 год. ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со: Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, Генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во ГД НЕАР, европратеникот Илхан Кјучук и со други претставници на европските институции и Унгарското претседавање со Советот на ЕУ.
Претстојните дипломатски средби во Брисел се дел од тековните напори за пробив на европскиот пат на Македонија и продлабочување на соработката со клучните тела на Европската Унија. На средбите ќе бидат опфатени низа теми важни за процесот на пристапување на Македонија кон Унијата, со посебен акцент на регионалната стабилност, економската соработка и натамошното усогласување на домашните реформи со европските стандарди. Во дискусиите ќе се разгледа и можноста за зголемена техничка поддршка за тековните реформи во судството, владеењето на правото и антикорупциските мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.