На 9 Јули 2024 година Министерот Орхан Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер.

 

Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Македонија и Франција како и можностите за продлабочување на истата.

 

Во 2021 година беше ратификуван Договорот помеѓу Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Македонија кој отвора можности за соработка особено во поглед на заштита на животната средина и климатските промени, економски развој и социјала.

 

Со назначувањето на Миа Матковиќ како нов експерт, Франција уште еднаш ја потврди нејзината поддршка за процесот на европска интеграција на Македонија и нејзиното приближување до полноправно членство во унијата.

 

Говорниците ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на успешната билатерална соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.