Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Македонија, Реформската агенда во контекст на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан и други актуелни случувања.
Министерот Муртезани се заблагодари на амбасадорката Аксинте за конзистентната романска поддршка за нашиот евроинтегративен процес и за гласната поддршка на политиката на проширување со ЕУ, како со земјите од Западниот Балкан, така и со земјите од Источното партнерство.
На средбата, соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката со Романија во спроведувањето на реформите преку споделување на искуства во процесот на преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.