Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на Владата на Република Македонија, денеска го потпиша барањето за претфинансирање од 7% во рамките на Реформската Агенда на земјата. Со испраќањето на ова барање во износ од 52,5 милиони евра, Македонија станува првата земја во регионот која ги презема сите неопходни чекори за претфинансирање во рамките на новиот европски финансиски механизам.
Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните Реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години.
Министерството за европски прашања останува посветено на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.