Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во посета на две градинки во Скопје.

По повод 13ти ноември Денот на ослободувањето на Скопје, Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски беше во посета на градинката ,,Мајски цвет” Карпош – Скопје и беше дел од активностите кои беа спроведени како дел од церемонијата за одбележување на денот. Градинката функционира уште од 1965 година до една работна единица и 15 вработени со вкупно згрижени 108 деца. Денес јавната детска установа дејноста ја остварува во четири објекти со 81 вработен и вкупно згрижени 787 деца.

Воедно Тренчевска беше присутна и на патрониот празник на градинката „13 Ноември“ во Општина Центар заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан ГерасимовскиЈавната детска установа постои уште од 1951 година и е една од најстарите предучилишни установи во Скопје. Моментално во градинката се згрижени 911 деца кои се распределени во 4 објекти, додека за нив се грижат 127 вработени.

Тренчевска при посетата на градинките истакна дека ова се градинки кои означуваат традиција во згрижувањето на децата и дека нивното долгогодишно функционирање го означува квалитетот на работата на истите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.