Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека со Агенцијата за квалитет во високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Македонија.
За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересираните студенти за учество во оваа постапка.
Условите кои треба да ги исполнува секој апликант вклучуваат – студентот да е државјанин на Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјава, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик.
Како што соопштија од МОН, пријавувањето се врши со пополнување на образец кој е достапен на веб страната на Агенцијата за квалитет во високото образование на овој линк. Потоа, истиот образец, потпишан и скениран треба да се достави на електронските адреси [email protected] и [email protected].
Крајниот рок за пријавување е 18 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.