Министерството за одбрана реагира на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во која се изнесени груби манипулации. Извештајот за кој станува збор воопшто не е ниту официјален документ, ниту е архивиран во Министерството за одбрана.
Професорот Темелко Ристески беше ангажиран од Министерството за одбрана исклучиво за задачите наведени во Договорот за дело, кои се стриктно поврзани со стратешките документи во одбраната, учество во изработка на документи продуцирани од експертски работни групи и законски решенија во областа на одбраната.
Задачите кои произлегуваат од неговиот ангажман во никој случај не излегуваат од рамката на неговата професионалност како експерт по право.
Во таа насока, при исплатата на дефинираниот хонорар, Министерството се водело исклучиво согласно извршените задачи кои се наведени во договорот и ништо повеќе од тоа.
Договорот како што можете да видите, не опфаќа ниту една од одредбите наведени во извештајот на експертот кои се однесуваат на неговите лични убедувања. Извештајот, спротивно на тврдењата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, воопшто не е официјален и архивиран документ, туку се работи за лични формулации на експертот кои немаат никаква поврзаност со Договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.