Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски денеска беше домаќин на Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост.
Томовски вели дека Христијан е полн со ентузијазам, идеи и позитивна енергија која ја шири во насока на надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочува.
Му ја исполнив желбата одблиску да се запознае со работата на нашата институција, надлежностите и фокусот на делување, а и за момент да се почувствува како политичар и да ѝ се обрати на јавноста од владиниот прес центар со порака за премостување на разликите и еднакво општество за сите. Му посакав добро здравје и му изразив поддршка во неговата мисија за прифаќање на различностите и инклузивност на лицата со попреченост, објави Томовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.